Одржана едукативна работилница за „Потребите и предизвиците на средношколците“, во СОСУ „Св. Кирил и Методиј“ – Охрид. Работилницата беше реализирана од младинските работници Јован Цветкоски и Иво Ристески
Целта на оваа работилница беше да се приберат мислењата и ставовите на средношколците во однос на подобрување на функцијата на сите засегнати страни, за потоа да се формулираат конкретни решенија за подобрување на положбата на средношколците во Општина Охрид, информираат од Младински Центар Охрид.

OhridNews











