Oдржана обука „Вовед во еколошка корупција“ во Охрид во организација на Здружението на граѓани „Флорозон“ – Центар за еколошка демократија од Скопје. Целта на обуката беше да се унапредат постоечките капацитети за препознавање и справување со ризиците од корпуција во областа на животната средина.

На обуката присуствуваа претставниците на основните судови, јавното обвинителство, граѓанските организации, младите, претставниците на институциите надлежни за развој и примена на анти-коруптивните политики во областа на животната средина и претставниците на локалната самоуправа.

Истата беше реализирана како дел од проектот чија цел е зголемено влијание и зајакната улога на граѓанското општество во креирањето спроведувањето на јавните политики, создадена овомозможувачка средина за локалните конституенти во адресирањето на копрупцијата во животната средина и зајакната јавна свест за импликациите на корупцијата врз животната средина.

OhridNews

Фото. Флорозон/ДИЖС