Економскиот совет при општина Дебрца одржа седница, на која се расправаше за повеќе прашања. Меѓу нив беа разгледувањето на ресурсите со кои располага ооштината како обработлива површина, односно обработливо земјоделско земјиште, водни ресурси кои се наоѓаат на територијата на општина Дебрца, пасишта, број на жители и со какво образование се истите, колкава е просечната старосна граница, инфраструктурата како и електричното напојување, информираат од локалната самоуправа.
Исто така, се разговараше за брендирање на земјоделските производи кои се најчести во оваа општина, како и продуктите кои се одгледуваат во чиста еколошка средина специфична за ова подрачје.
Како едно од позначајните прашање беше и едукацијата на повозрасните лица кои би се стекнале со обука за работа со компјутери и англиски јазик.
На седницата се отвори и прашањето за отворање берза на ниво на општина Дебарца, на која што лицата земјоделци можат да увидат во секој момент како котира одреден земјоделски производ, се наведува во соопштението.
OhridNews