Околу дваесетина пензионери од Здружението на пензионери на општините Охрид и Дебрца беа дел од предавањата за „Ментално здравје кај старите лица“ и „Состојбата на старите лица во светот, Македонија, Охрид и Дебарца“.

Целта на предавањата беше во насока на подигање на свеста за важноста на менталното здравје и активното стареење. Пензионерите со голем интерес ги следеа излагањата и отворија плодна дискусија за предизвиците со кои се соочуваат постарите лица во секојдневниот живот, како и за можните начини на подобрување на нивниот психосоцијален статус, посочуваат од Црвен крст Охрид.
Настанот, додаваат, заврши со заклучок дека е потребно почесто организирање вакви едукативни средби за поддршка на менталното здравје и благосостојбата на старите лица.
OhridNews












