Три работилници за везење и плетење беа реализирани од страна на Женски центар „Бисера“’ од Охрид.
Преку обука старите лица го пренесоа своето знаење на десет млади. Како резултат на обуките на 24 јули беше одржана и изложба на ракотворбите изработени од младите, информираат од ЖЦ „Бисера“.
Работилниците се дел од проектот „Зајакнување на отпорноста на постарите лица и лицата со попреченост за време на КОВИД-19 и идни катастрофи“ кои ЖЦ „Бисера“ ги организира како на партнер Локалната агенција за развој од Струга.
Проектот е координиран од Црвениот крст на Република Северна Македонија и Црвениот крст на Србија и поддржан од Европската Унија, Австриската агенција за развој и Австрискиот Црвен крст.
OhridNews















