Во селото Велгошти, традиционално на првиот ден од Велигден се одржаа коњичките трки и влечењето со јаже меѓу мештаните.
Присутен беше и градоначалникот Никола Бакрачески кој на победникот во трките, Илија Крлески и на останатите најдобро пласирани натпреварувачи, им врачи пехари и симболични парични награди.
Со цел игрите во Велгошти во иднина да имаат поголема посетеност, градоначалникот Бакрачески истакна дека локалната самоуправа и лично тој, максимално ќе се вложат во поголема афирмација на спортските случувања . Градоначалникот вети дека Општината ќе создаде услови за секое ново наредно издание да се збогатува со нови автентични содржини, кои ќе бидат интересни и привлечни за посетителите.
OhridNews