Во просториите на Општина Охрид, во организација на Локален Совет за превенција на Општина Охрид и во соработка со Хоризон Цивитас, денес се одржа предавање на тема „Организирани против криминалот“.
Предавањето има за задача да го разработи актуелното прашање на организираниот криминал и неговото влијание врз младите во Република Македонија.
Целта на предавањето е да се влијае на подигањето на свеста кај родителите/наставниците, но и директно кај младите генерации, бидејќи неискуството и незнаењето, како и неможноста да се справат со погрешните влијанија кои ги добиваат преку социјалните мрежи, младите често стануваат лесна мета на криминалните организации, информират во соопштението до Општина Охрид.

OhridNews











