Во присуство на преставници на Фудбалската Федерација на Македонија, членот на УО Илија Јовков и ген. сек Игор Климпер, Општинскиот фудбалски сојуз го одржа редовното годишно собрание. На собранието на кое присуствуваа 22 од 29 делегати кои се во состав на ОФС едногласно беа усвоени извештајот за работа на ОФС Охрид, усвоена беше завршната сметка, програмата за работа во 2011 година, како и усвоен беше новиот Статут на ОФС Охрид.


Престедателот на ОФС Охрид, Диме Попоски го истакна задоволството од одржаното собрание и од подршката која ја доби од делегатите на собранието.  – Во текот на минатата година, нашиот сојуз реализираше голем број активности, истите ги решивме без никакви проблеми. Целта на ОФС и наредната година ќе биде тој да е сервис на клубовите – вели Попоски.


Генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер истакна дека ОФС Охрид е еден од поактивните сојузи во нашата држава. – Навистина чест и задволосто ми е што сум во Охрид, на средба со фудбалски работници кои работат за добро на фудбалот. Собранието протече во добар ред и драго ми е што одлуките беа донесени едногласно. Од извештајот што го видов може да истакнам дека се постигнати одлични резултати и тие постигнувања се меѓу најдобрите во Општинските сојузи во нашата држава – потенцираше Климпер.


За нови делегати во собранието беа коптирани Маркоски Гоце и Ристески Милчо од ФК “Охрид 2004“, Спасе Панџак и Александар Петрески од ФК “Охрид Лоте“, Марјан Ецкоски од Ф.К “Св. “Павел и Петар“, Иваноски Целе од ФК “Лешани“  и Џалески Кире од ФК “Стефан Толески“.

Климпер потенцираше дека по иницијативата во која беа доделени дресови за младинските екипи, ФФМ во периодот кој доаѓа ќе ги снабди екипите во Општинските фудбалски сојузи со нови топки, а ќе помага и со друг вид на реквизити.

М.Постоловски