Во изминатите два дена, во Македонија се одржаа работилници на тема домување и станарски права, водени од експерти од Шведска унија на станари во партнерство со Организација за домување и станари од Македонија (ОДС). Иницијативата е насочена кон трансфер на добри практики и поддршка во унапредување на постоечките законски регулативи за домување и права на станарите во земјава.

Официјална работна средба беше организирана во просториите на Регулаторна комисија за домување за можностите за соработка, партнерство и развој на заедничка програма во следните 2 години.
Дискутирани беа различни области каде ќе може да се оствари соработката и направени беа компаративни анализи во делот на домување и законски регулативи во двете земји. На состанокот беше истакнато дека голем предизвик се недостатокот на инспектори за домувње, кои во моментот ги има само 15. Регулаторна комисија за домување изготви измени и дополнување на законот за домување и веќе има подготвено анализа и предлози за унапредување на состојбата со домување, кои беа доставени до Министерство за транспорт и врски, и истите се разгледани од работната група формирана од страна на министерот за транспорт и врски, велат од Организација за домување и станари од Македонија.

Вториот работен состанок за подобрувањето на домувањето предвидено е да се одржи во октомври во Шведска, каде ќе се усвои 2 годишна програма 2025/2026. Иницијативата е поддржана од Шведски Институт.
OhridNews











