Голф предизвик што поттикнува раст и развој: од емоционална интелигенција до врвна продуктивност!


На 12.09.2025 година, ОДВ-ЕЛЕКТРИК реализира тимски-менаџмент-настан (team-building) во Голф Клуб Охрид, кој повторно ја истакна посветеноста на компанијата кон развојот на своите вработени и фокусот за постојано подобрување.

Тимот на ОДВ ЕЛЕКТРИК

ОДВ-ЕЛЕКТРИК продолжува да го гради својот тим на принцип на едноставна, но моќна култура – Вистинскиот успех започнува од вработените. Кога вработените се поддржани, слушнати, мотивирани и охрабрени да го постигнат својот целосен потенцијал – резултатите, продуктивноста и иновативноста природно растат.

Токму оваа организациска клима е клучниот фактор по кој ОДВ-ЕЛЕКТРИК се издвојува и остава сопствен белег кој е во предност во деловниот свет на автомобилската индустрија.

Компанијата активно промовира постојан професионален и личен напредок, покрај техничката експертиза, поттикнува развој на емоционалната интелигенција, ги зајакнува лидерските компетенции со континуирана обука и едукација преку поддршка на надворешни обучувачи и консултанти, со богато искуство во организациското унапредување.

Огнен Цубалевски – Управител (General Manager) на ОДВ ЕЛЕКТРИК

Суштината на секое успешно Раководење е да се изгради и негува чувство на заедништво, припадност и заедничка цел. Тенката линија помеѓу успехот и неуспехот ја чинат мотивираните Раководители, луѓето кои што точно знаат која е целта на компанијата што ја раководат и кои ги имаат потребното знаење и умешност да ја достигнат оваа цел, Посочува Огнен Цубалевски – Управител на ОДВ ЕЛЕКТРИК.

ОДВ ЕЛЕКТРИК се одликува со многу стабилен и стручен тим. Покрај техничките знаења коишто се стекнуваат пред се на работното место, ОДВ ЕЛЕКТРИК веќе повеќе години наназад силно инвестира во Лидерските вештини и способности на своето Раководство. Потпомогнати со знаењето и искуството на нашите надворешни соработници Наташа и Биљана, во последниве години успеавме значително да го кренеме Лидерското ниво на нашите Раководители.

Денешниот настан, на еден забавен и опуштен начин ни овозможува да се соочиме со нашите вообичаени шеми на однесување и реакции кога сме надвор од „зоната на комфор“ и да научиме дека овие шеми на однесување не се дадени еднаш за секогаш, туку истите можат да се разберат а преку тоа и да се променат на подобро, истакнува Цубалевски.

Иако носеше име „ГОЛФ ПРЕДИЗВИК“, активноста на тимскиот настан не се ограничи само на спортска и забавна динамика. Претставуваше идеален предизвик за развивање фокус, градење стратегија, излегување од комфор зоната – поттикнувајќи свесност за себе, свесност за другите – однесувања со јасна и практична применливост на работното место кои водат до повисока продуктивност.

Христина Рапешовска – Одговорен за човечки ресурси, развој на професионален капацитет и таленти во ОДВ ЕЛЕКТРИК

Како човек, моите уверувања се втемелени во доверба, искреност, почит и поврзаност. Верувам во придонесот и силата на емпатијата (во нејзината вистинска есенција), отворената комуникација, разбирањето, соработката и одговорноста – вредности кои не само што ја обликуваат личноста, туку и го дефинираат квалитетот на приватното и професионалното секојдневие.

Како HR, со гордост можам да кажам дека ОДВ-ЕЛЕКТРИК препознава вредности и ги претвора во дел од својата култура, создавајќи средина и енергија во која луѓето чувствуваат припадност, сигурност и поддршка да го постигнат својот потенцијал, вели Христина Рапешовска – Одговорен за човечки ресурси, развој на професионален капацитет и таленти во ОДВ ЕЛЕКТРИК.

Како ОДВ успева во тоа? Преку откривање на мотивацискиот систем на секој вработен, прифаќање на неговата автентичност и креирање услови во кои индивидуалните вредности можат да дојдат до целосен израз, појаснува Рапешовска.

Преку обуките со кои се вложува во нас, добиваме можност подобро да се запознаеме, да ги разбереме нашите однесувања и да препознаеме насоки како да станеме посилен тим. Овој пат, сето тоа го доживеавме на различен, фасцинантен начин, преку откривање на филозофијата што ја носи голфот.

Кога луѓето учат, се поврзуваат и заедно создаваат – растеме и како индивидуалци и како компанија, додава таа.

Филип Попоски – Организациски заменик раководител на производство во ОДВ ЕЛЕКТРИК

Во ОДВ-Електрик сум веќе осум години. Се вработив веднаш по завршувањето на факултет, како инсталатер на електрична и механичка опрема. Таа прва позиција ми овозможи одблизу да ја запознам работата, технологијата и процесите. Потоа имав можност да работам на повеќе различни позиции и низ тој пат целосно да се запознам со организацијата и управувањето на компанијата. Денес, ја имам одговорноста да бидам организациски раководител на производството, ги пренесува своите лични искуства Филип Попоски – Организациски заменик раководител на производство во ОДВ ЕЛЕКТРИК.

Она што ме инспирира е фактот дека компанијата постојано инвестира во развој – од автоматизација и роботизација на процесите, до модернизација на работните методи и подигнување на стандардите за квалитет. Овој пристап не само што ја прави нашата работа поефикасна, туку и ни овозможува да бидеме конкурентни.

Истовремено, многу значи што имаме можност да работиме директно со клиенти и партнери, што ни дава дополнителна перспектива и знаење. Дополнително, редовно се организираат тим билдинг активности за личен и професионален развој, со теми како различни комуникациски стилови, емоционална интелигенција, решавање конфликти и менаџмент. Тие активности мене лично ми помогнаа и во техничкиот и во организацискиот дел од работата – полесно да ги разбирам различните пристапи, поефикасно да комуницирам и подобро да го организирам тимот.

Воедно, компанијата нуди одлична можност за младите – да се истакнат и постепено да напредуваат. Сите вработени кои денес се на управувачки позиции, својата кариера ја започнале како оператори на лента или како инсталатери, и чекор по чекор се издигнале нагоре. Тоа е најдобар доказ дека успехот зависи и од можностите што компанијата ги дава, но и од желбата и вложениот труд на секој поединец, вели Попоски.

Ваквиот концепт е модел на уникатна синергија, прв од ваков вид во регионот, кој ги надминува вообичаените рамки. Трајниот ефект не се однесува само на учесниците, туку се прелева низ сите организациски нивоа, поттикнувајќи споделување знаење и стекнување нови навики.

Клупската куќа при голф теренот во Охрид, која годинава почна со работа, овозможува одржување на уникатен тим-билдинг – нова димензија на новоотворениот голф терен, прв од ваков вид во Македонија, што нуди простор за учење, раст и забава.

Една од првите компании со разбирање дека голфот нуди повеќе од спорт – вистинска симулација на лидерски предизвици – е ОДВ ЕЛЕКТРИК која вложи во тим-билдинг кој инспирира размислување, одлуки и одговорност.

Програмата која ја одбра ОДВ Електрик е осмислена да го комбинира развојот на голф вештини со реалните предизвици од менаџерските позиции, создавајќи идеална платформа за градење лидерски способности, стратешко размислување и тимска соработка – сето тоа во инспиративна и природна околина.

Клупска куќа-Голф терен Охрид

Наташа Ивановска и Биљана Велевска – Надворешни соработници на ОДВ ЕЛЕКТРИК, Обучувачи за возрасни

Вложувањето во развојни настани за вработените веќе одамна не е луксуз, туку одлика на современите успешни компании кои знаат дека луѓето ја прават клучната разлика, велат Наташа Ивановска и Биљана Велевска – надворешни соработници на ОДВ ЕЛЕКТРИК, обучувачи за возрасни.

Ова со континуирани активности веќе неколку години наназад го потврдува ОДВ ЕЛЕКТРИК, како водечка производна компанија од охридско-струшкиот регион. Темите како лидерство, комуникација, градење продуктивни релации, препознавање и справување со конфликти, делегирање и фидбек се дел од континуираната едукација која е овозможена на раководителите и тим лидерите во компанијата. Мината година, фокус беше ставен на темата емоционална интелигенција, која е тесно поврзана со продуктивноста и задржувањето на вработените. Ова е прва компанија од овој регион која работи според интернационалната методологија на Genos International – www.genosinternational.com, преку соработката со застапниците за Македонија www.insight.mk и www.impulsi.com.mk, истакнуваат тие.

Развојните активности за менаџмент тимот оваа година се одвиваа на една несекојдневна локација – Голф Клубот Охрид, кој понуди одлични услови за реализација на тимската интеракција и учење нови вештини – не само за голфот како игра, туку и за себе во услови на зголемена потреба од брза адаптација и учење нови вештини. Низ игра и тимски натпревар, учесниците искусија како техничките, тактичките, физичките и менталните аспекти влијаат на исходот – во спортот, во менаџментот, но и во останатите улоги кои ги носиме во текот на денот. Преку интеракција и стекнување искуство, учесниците ќе можат овие нови увиди да ги пренесат и на работното место, креирајќи услови за уште поголема продуктивност и развој на своите тимови.

Со овој настан ОДВ Електрик уште еднаш ја докажа својата лидерска улога на локално и национално ниво, преку инвестирањето во развој на своите вработени и нивно сплотување како менаџерски тим кој ќе креира нови можности за успех, потенцираат Ивановска и Велевска.

ОДВ-ЕЛЕКТРИК не само што е во чекор со промените, туку ја предводи трансформацијата, создавајќи нови стандарди што ја движат индустријата напред.

Вредностите што се градат денес-ја обликуваат компанијата утре, насочувајќи ја кон стабилен раст, постојана иновативност и долготрајни резултати.

OhridNews I PR
Фото: Анамарија Момироска I OhridNews