Одземени 200 возила на дивите превозници, се предлагаат поригорозни казни за истите
10.12.12 09:17
Нелојалната конкуренција на дивите и нелегални превозници кои сообраќаат по патиштата во земјава, ќе се намалува со зголемени контроли од страна на инспекторите за транспорт, во соработка со царинските службеници. Ова го изјави Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој образложи дека од март до сега времено им се одземени околу 200 возила на дивите превозници.
Според ресорниот министер, целта е обезбедување поквалитетни услуги во јавниот превоз, но и зголемување на приходот во државниот буџет по основ на ДДВ. „Има позитивна тенденција на зголемување на продажбата на автобуски билети за 40 отсто. Ова значи дека се зголемува и бројот на патници кои патуваат со лиценцирани фирми, но и дека драстично се намалува нелојалната конкуренција“ – вели Јанакиески.
Министерот најавува и изготвување на листа на сомнителни превозници, кои претходно правеле прекршоци. Преку СМС и електронска пошта, Државниот инспекторат ќе добива информации за состојбата на граничните премини. „Од податоците на министерството ќе може да се види дали превозникот во меѓувреме извадил лиценца и дали воопшто ја поседува. “ – додава Јанакиески.
Со предложените законски измени на Министерството за транспорт и врски, се предвидуваат поригорозни казни за нелегалните превозници со трајно одземање на возилата. Инаку, при контроли на 102 субјекти во патниот сообраќај од јуни досега, се изготвени 2.393 записници за отстапувања од законската регулатива, а од март времено се одземени 200 возила.
Изработката на новиот просторен план на Македонија треба да ги даде насоките за просторниот развој на државата со што ќе се овозможат бенефити за целокупното општество Планот кој го изработува Аген...
Охрид подготвен да ги пречека гостите за новогодишните празници Градот блесна во новогодишно руво, а позната е и програмата за дочекот на Новата година на градскиот плоштад, но и деновите пред и по...
Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, во периодот од 15-ти до 21-ви декември 2025 година, како членка на Асоцијацијата на европски сообраќајни полиции – ROADPOL, заедн...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.