Исто така, издадени биле 172 платни налози за лицата кои ги прекршиле законските одредби, како и 209 покани за наплата на глоба. Надлежните инспектори во текот на април поднеле 246 барања за поведување прекршочна постапка до надлежните судови, а 272 барања биле поднесени до надлежната комисија за прекршоци.
Од надлежното министерство информираат дека државниот инспекторат за транспорт, согласно Законот за јавни патишта во континуитет врши инспекциска контрола во однос на изградбата, одржувањето и заштитата на патиштата и патниот појас, мостовите, сигнализацијата, опремата на патиштата и врши проверка на оптоварување на патиштата од возила. Исто така, редовно се вршат акциски контроли согласно Законот за превоз во патниот сообраќај на сите автобуски станици во Република Македонија, каде се следи редовноста и уредноста на меѓуопштинските и меѓународните линии како и исполнување на соодветните техничко-експлоатациски услови на возилата со кои се извршува превоз на патници.