Одземени повеќе возила во Охрид и околните градови
11.02.21 15:08
Во согласност со донесените законски измени во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, поради изминат рок на важност на возачки и сообраќајни документи од шест или повеќе месеци, полициската станица за безбедност на патиштата во сообраќајот Охрид, деновиве одзеде и од сообраќај исклучи пет патнички моторни возила.
Во периодот од 14 до 20.01.2021 година, при извршени контроли, одземени се три патнички моторни возила, по едно во Охрид и во Струга и едно во Кичево, заради техничка неисправност и сомнение за прекумерна бучавост. – информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Според измените во законот, ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена. Според новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, полициски службеници ќе можат веднаш да ги симнат регистарските таблички на возилото и да го отстранат од сообраќај, ако се посомневаат дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена. Законот предвидува и трајно губење на возачката дозвола за возачи кои почесто се јавуваат како сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот или на сообраќајни незгоди со потешки последици.
Картите за 9-то издание на културно-забавниот настан „Зимска бајка“, кој оваа година ќе биде во знак на најдобрата македонска современа поп музика и креативниот хумор, во ограничен број, денеска се...
Општина Охрид потпиша договор со колективниот постапувач за текстилен отпад Тексомак, со што официјално започнува процесот на селекција и организирано управување со текстилен отпад на територијата ...
Според календарот на МПЦ православните верници денеска го одбележуваат споменот посветен на Светата великомаченичка Варвара Таткото на оваа славна Христова следбеничка, се викал Диоскор и бил позна...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.