При извршување редовни активности за контрола на државната граница, кај струшкото село Радожда, на околу 300 метри од брегот во водите на Охридското Езеро, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор, викендов, пронашле и одзеле поставени рибарски мрежи со улов.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
OhridNews












