Во Охрид, во просториите на електромашинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“ се одржува Меѓународен натпревар од областа на електротехника и мехатроника „Балкан Јуниор“. Учествуваат 16 ученици од осум балкански држави.

За отворен натпреварот го прогласи претседателката на советот на општина Охрид, Живка Ангелоска која нагласи дека ваквите настани се одлична можност за размена на искуства и промовирање на културната соработка, како и за запознавање на начинот на образование и живот во различните држави.

  • Овој настан допринесува во унапредување на знаењето,  компетенциите и  креативноста на учениците и наставниците во стручните училишта. Велат дека знаењето е основа на која се гради  самодовербата и само доколку  единката има знаење и самодоверба може да постигне се во животот, да се качи до највисоките височини или да нурне во најголемите длабочини. Знаењето е основа на секој успешен човек. А денеска сите ние тука сме сведоци на млади генијалци од областа на електротехниката и мехатрониката на кои повеќе од сигурно го оставаме овој свет.– рече Ангелоска.

Меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“ се одржува по седми пат.