Во присуство на бројни гости, ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ од Охрид го прослави својот патронен празник.
Во своето обраќање пред присутните директорот Сашо Недески се осврна на работата на центарот во поглед на воспитно образовната дејност и подобрувањето на условите за учење и работа.
На свеченоста беа доделени благодарници на претставници од компаниите со кои Центарот соработува во областа на дуалното образование, благодарници на компании и поединци кои придонесоа кон развојот и презентацијата на Центарот, јубилејни награди на вработените како и награди за учениците кои постигнаа високи резултати во учењето и учеството на државни и меѓународни натпревари. Беа доделени и награди на учениците кои учествуваа на литературниот и ликовниот конкурс кој беше распишан по повод патрониот празник.
Во рамките на одбележувањето на патрониот празник на ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ беше предадена и вредна донација од страна на компанијата „Костал“ од Охрид која се состоеше од сервер, принтер во боја како и систем за безжичен интернет.
Во културно уметничкиот дел беше изведен рециталот „Видение“ во чест на Св. Наум Охридски„ и 80 години од објавувањето на стихозбирката „Бели Мугри“ од Кочо Рацин, сценската игра „Последниот час“ по текст на учениците од драмската секција како и музичка изведба на ученици.
Во рамките на свеченоста имаше и презентација на проекти од меѓународниот натпревар „Балкан Јуниор“ изработени од учениците од машинската и елктротехничката струка како и ликовна изложба на слики изработените од учениците од Центарот. Се одржа и Новогодишен базар со хуманитарен карактер.
OhridNews















