ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ – Охрид ќе го одбележи патрониот празник на 25 декември со свеченост која ќе се одржи во просториите на училиштето.

Програмата ќе започне во  18:30 часот со изложба на ликовни творби од ученици, презентации на струките во Центарот и хуманитарна акција.

Во  19:00 часот ќе се одржи Свечена академија по повод 5-ти Јануари денот на Свети Наум Охридски и патрониот празник на училиштето.

Во петок на 26 декември како дел од програмата предвидени се спортски активности.

OhridNews