Средното охридско училиште ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“, изминативе денови спроведе акција за отстранување на електронскиот отпад како дел од проектот „Еко-училишта“.
Во електронскиот отпад се најде стара и отфрлена опрема која содржи компоненти кои се напојуваат со електрична енергија, а е забрането со закон да се меша со останатиот отпад.
Се проценува дека во ЕУ во 2005-та година, се создадени околу 9 милиони тони отпад од електрична и електронска опрема(ОЕЕО), а се очекува количеството да се зголеми во наредните десетина години.
Инаку, по повод Денот на планетата Земја 22-ри април, измината недела во Охрид се реализира акција за собирање отпад од електрична и електронска опрема, организирана од Секторот за урбанизам и заштита на животна средина при општина Охрид.
OhridNews