Со богата свечена програма подготвена од страна на учениците, ОЕМУЦ ,,Св.Наум Охридски“ од Охрид, завчеравечер го обележа својот патронен празник. Во рамки на свеченоста, на која присуствуваа и претставници на Советот на Општина Охрид, беа доделени признанија и награди за најуспешните вработени во ова училиште.

Директорот на училишниот центар, Јане Цаноски во својот говор пред присутните рече дека ученикот во ова училиште е во центарот на сите заложби и ангажирања.

-Нашите приоритети во сите степени и форми на образование се квалитетни образовни услуги, култура на однесување и надминување на стереотипите. За стопанството и високошколските институции подготвуваме стручно оспособени кадри од електротехничката, машинската, сообраќајната струка и лични услуги, истакна Цаноски.

ОЕМУЦ ,,Св.Наум Охридски“  е формиран во далечната 1966 година.    

OhridNews