Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покажале најдобри резултати на регионалниот натпревар на стручните училишта од Прилеп, Битола, Струга и Охрид кој деновиве се одржал во ова охридско средно училиште.

На натпреварот учествувале вкупно 17 ученици од III година, во 5 образовни профили од електротехничката, машинската и сообраќајната струка.

Учениците од ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ покажале најдобри резултати и обезбедиле учество на државниот натпревар кој оваа година ќе се одржи во Струмица. Први места освоиле учениците Климент Ѓорѓиевски – автотехничар мехатроничар, Филип Милошески – електротехничар за компјутерска техника и автоматика, Кристијан Богданоски – техничар за патен сообраќај. Втори места освоиле Петар Николовски – машински техничар, Александар Колески – техничар за компјутерско управување.

OhridNews