ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ постигна најдобри резултати на вториот по ред државен натпревар за избор на најдобар ученик во електротехничката, машинската и сообраќајната струка од завршните години во стручното образование во Република Македонија кое се одржуваше во Охрид.

На натпреварот учествуваа 49 ученици од 14 стручни училишта од државата, а се натпреваруваа во 9 образовни профили. ОЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ учествуваше со свои ученици и нивни ментори во 7 образовни профили и освои 4 први места, едно второ и едно трето место.

Прво место во образовниот профил електротехничар енергетичар и истовремено лидер на електротехничката струка во Република Македонија освои ученикот Димитар Плеушкоски под менторство на наставниците Владо Јанкулоски и Сашо Ѓеорѓиески.

Прво место во образовниот профил електротехничар за компјутерска техника и автоматика освои ученикот Игор Домазетоски под менторство на наставниците Гоце Ѓорѓиоски и Сања Јованоска.

Прво место во образовниот профил техничар за компјутерско управување од машинската струка освои ученикот Бојан Лалчевски под менторство на наставниците Раде Јанчески и Борис Стрезоски.

Прво место во образовниот профил техничар за патен сообраќај освои ученикот Христијан Наумоски под менторство на наставниците Наташа Гредоска и Ѓоко Милески. Во истиот профил второ место освои ученичката Стефани Божиноска, а трето место ученичката Снежана Силјаноска.

OhridNews