Од вторник, 18 јули охридската понуда ќе биде збогатена за уште еден реномиран бренд, познатиот ланец на книжарници, Office Plus. Најновата страница од успешната приказна, како што милуваат да кажат „офисовци“ ќе биде лоцирана на улицата Димитар Влахов 11, во склоп на зградата со луксузни апартмани на Вила Торес и на неколку минути од охридското шеталиште.
За сите посетители на отворањето се подготвени попусти, поволности, и подароци со секоја сметка, затоа ве покануваме сите да ни се придружите и заеднички да го пишуваме новото, зошто да не и најубавото поглавје од приказната Office Plus, како што впрочем и му доликува на македонскиот и светски уникатен бисер Охрид- ни рече Софија Стојков, маркетинг мнаџер во компанијата.
Office Plus ќе ја понуди својата ексклузива во делот на патна и модна програма, водечкиот светски бренд Samsonite и најбрзорастечкиот моден бренд за минатата година, уникатната шпанска приказна за женски чанти на Anekke. Секако тука е и комплетната школска програма со најдобрите брендови во тој дел, Must Staedtler, Faber Castel, Junior, Schnieder, потоа производи од реномирани светски брендови во уметничкиот и сликарскиот асортиман, како и богата понуда од материјали за креативци, професионалци или аматери.
За најмалите Office Plus носи шаренило од сликовници, книги, боенки, сложувалки, креативни сетови, играчки и уште многу, многу интересни уникатни производи. А секако и љубителите на префинетите ствари ќе имаат можност да уживаат во уникатната понуда на производите од гифт програмата, како чашки, украси, ексклузивни глобуси итн.
Office Plus ја започна својата приказна пред 25 години како „Пријател на вашата канцеларија“, а денес е водечки ланец на книжарници во Македонија со над 30 локали низ државава, застапник на најголемите светски брендови во својата бранша и портфолио со повеќе од 100 бренда во својот асортиман.
OhridNews/PR