Репрезентативецот на Белгија, Еден Азард официјално е нов член на најтрофејниот клуб на стариот континент Реал Мадрид.
Азард на Сантијаго Бернабеу се преселува од англискиот премиерлигаш Челси, кој на официјалната интернет страна го потврди трансферот на Белгиецот.
Најдобриот фудбалер на Челси изминативе неколку сезони пред симпатизерите на Реал Мадрид ќе биде претставен за неколку дена кога ќе бидат соопштени сите детали од трансферот.
Купувањето на Азард е втора аквизиција за Реал Мадрид во летниот преоден рок. „Кралевите“ претходно го ангажираа Лука Јовиќ, кој го доведоа од германски Ајнтрахт Франкфурт.
OhridNews