Официјална Атина излезе со најновата статистика за годинава, според која, Македонци воопшто не летувале во Грција, пренесува Канал 5.

Како што информира овој медиум, за 4,6% е зголемен бројот на туристи во Грција во првото тримесечје од годината, во споредба со лани истиот период. Во официјалната статистика повторно Македонија не фигурира како посебна држава туку е ставена во графата останати земји, и покрај тоа што, висок е процентот на туристи кои влегле во Грција преку граничниот премин Богородица, 74 699 или 7,3%.

Најголемиот број пристигнувања во Грција се од Европа (78,9%), додека пак значително зголемување на бројот на туристи се забележува од Бугарија, Шпанија, Русија и Германија.

Македонците, кои уште од јуни започнуваат масовно да го посетуваат јужниот сосед, најчесто одат на Халкидики или пак на спротивната страна, во околината на Катерини и Лариса.

„Канал5“ јавува дека за разлика од грчкиот завод за статистика, во истражувањето на сојузот на хотелиери од Солун, за истиот период, првите 3 месеци од 2013та, спомената и Македонија и тоа како една од 20те земји со најголемо зголемување, во однос на лани.

Од 20те земји со најголеми посети на Солун, Македонија се наоѓа на 15то место, со 6018 ноќевања, односно 9,6% повеќе во споредба со лани, кога бројката изнесувала 5490 ноќевања.

OhridNews