Светската куќа на фудбалот (ФИФА) едногласно ги изгласа предлогот од првиот човек, Џани Инфантино и од 2026 година на Мундијалите ќе учествуваат 48 селекции.


Како што соопштуваат од ФИФА, Светското првенство во 2026 година ќе биде во формат од 16 групи по три селекции, а најдобрите две од групата ќе обезбедуваат пласман во 1/16 финалето.

Мундијалите во Русија следната година и во Катар за четири години остануваат исти без промени. Што значи ќе се натпреваруваат 32 репрезентации, поделени во осум групи.

Се уште не се знае каде ќе се одржи Светското првенство во 2026 година кое ќе биде со историски карактер.

OhridNews