Екипите на Дебрца и Св. Петар ќе ги одмерат силите во финалето од баражот во Општинската фудбалска лига.

Фудбалерите на Дебрца во полуфиналето го совладаа Рудар со 4-2, додека Св. Петар со убедливи 5-0 славеше против Воска.

Победникот од финалето во баражот ќе обезбеди пласман во баражот за влес во Третата македонска фудбалска лига југо-запад. Терминот за финалето допрва ќе биде одреден.

OhridNews