Дебрца е првиот патник во финалето од разигрувањето во Општинската лига. “Црвените“ во 1/2 финалето со убедли 5-2 ја совладаа екипата на Злести.


Фудбалерите на Дебрца уште во првите десет минути ја оправдаа фаворитската улога и со двата гола на Мурџоски, стекнаа “комотна“ предност од 2-0. Резултатската неизвесност на мечот ја врати Усеинов намалувајќи 2-1. До крајот на првиот дел Дебрца преку Филипоски го врати “комотното“ водство.


По само пет минути игра во вторите 45 минути, Злести го намалува резултатот 3-1, со вториот гол на Усеинов. Одговоро за расположениот Усеинов, имаше Филипоски кој зголемува на 4-2 со “парот“ погодоци на мечот. Конечните 5-2 ги постави голманот на Дебрца, Гиноски погодувајќи од белата точка.

Противник на Дебрца во Општинското финале ќе биде победникот од мечот Куратица – Косел. 1/2 финалниот меч е закажан в петок во 17:30 часот.

Мх.П.