Водечките екипи на табелата во Општинска фудбалска лига, Воска 2002 и Лакочереј меѓусебно ќе се пресметаат петтата рунда од шампионатот.

Двата тима имаат големи амбиции сезонава и нивниот дуел на Грашница е окарактеризиран како дерби на колото.

Рудар кој исто така има 9 бодови гостува кај тимот на Славеј, додека Воска Спррт силите ќе ги одмери со Вулкан. Вапила на домашен терен го пречекува Св. Петар, додека Злести ќе се сретне со Велмеј.

Мечевите се играат в недела.

Двојки:

Воска 2002 – Лакочереј (15:30ч)

Славеј – Рудар (15:30ч)

Вулкан – Воска Спорт (15:30ч)

Вапила – Св. Петар (12ч)

Злести – Велмеј (12ч)

Табела: Воска 2002 9 бодови, Лакочереј 9, Рудар 9, Воска Спорт 7, Славеј 6, Вапила 5, Вулкан 3, Велмеј 1, Св. Петар 0, Злести 0.

OhridNews