Водечкото дуо на табелата Охрид и Сатеска со убедливи победи над Вулкан (6-2) и Св. Петар (6-1) ја продолжи трката за првата позиција во Општинската фудбалска лига.
Со победа на водечките им се приклучи и Дебрца која на домашен терен со 2-0 го совлада тимот на Злести.
За одбележување во 15-то коло е гол шоуто на Грашница каде Воска со 7-4 славеше над последнопласираниот Рудар.
Двојки: Сатеска – Св. Петар 6-1, Вулкан – Охрид 2-6, Вапила – Лакочереј 2-3, Воска – Рудар 7-4, Дебрца – Злести 2-0.
Табела: Охрид 40 бодoви, Сатеска 37, Дебрца 36, Лакочереј 30, Воска 18, Св. Петар 12, Вулкан 12, Вапила 12, Злести 6, Рудар 4.
OhridNews