Охридските бели обезбедија пласман во финалето од бараж мечевите во Општинската фудбалска лига совладувајќи го Лакочереј со 3-1 во полуфиналето.


Лидерот на табелата во регуларниот дел од сезоната на „Атина Бојаџи“ ја потврди фаворитската улога и не дозволи изненадување.


Мрежата на „зелените“ ја погодија капитенот Љупчо Далчев, Ардис Веселовски и Ване Никодиноски додека почесниот гол за „гостите“ го постигна Величе Ѓоршоски.


Охрид во финалето од бараж мечевите во ОФЛ ќе игра со победникот од вториот полуфинален дуел меѓу Сатеска и Дебрца.

OhridNews