Вкупно 25 пати беа прецизни стрелеците во првата рунда од новата сезона во Општинската фудбалска лига.

Најефикасен меч со седум погодоци беше дуелот Славеј – Воска кој заврши во корист на домаќините со 6-1. Шест погодоци имаше на средбата Злести – Св. Петар 2-4, додека по пет на дуелите Дебрца – Велмеј (3-2) односно Вулкан – Рудар (4-1). Лакочереј со 2-0 ја совлада Вапила.

Екипата на Лакочереј
  • Резултати: 

Слатино – Мазатар одложена

Лакочереј – Вапила 2-0

Вулкан – Рудар 4-1

Дебрца – Велмеј 3-2

Славеј – Воска 6-1

Злести – Св. Петар 2-4

OhridNews