Екипите на Воска 2002 и Вапила со високи и сигурни победи а Рудар со триумф во трилер меч ја започнаа новата сезона во Општинската фудбалска лига.

Воска 2002 на домашен терен со 5-1 славеше против Велмеј, Вапила со 4-0 беше подобар од Злести, додека Рудар во меч со седум голови со 4-3 го совлада Лакочереј.

Мечевите помеѓу Св. Петар – Воска Спорт и Славеј – Вулкан се одложени и не се одиграа.

Резултати: Рудар – Лакочереј 4-3 Славеј – Вулкан одложена Св. Петар – Воска Спорт одложена Воска 2002 – Велмеј 5-1 Вапила – Злести 4-0

Двојки 2.рунда: Лакочереј – Вулкан, Злести – Славеј, Рудар – Св. Петар, Велмеј – Вапила, Воска Спорт – Воска 2002

OhridNews