Во втората рунда од Општинската фудбалска лига на „Грашница“ стадион ќе се одигра дербито на колото помеѓу екипите на Воска Спорт и Воска 2002.

Воска 2002 имаше добар старт со победа 5-1 над Велмеј, додека Воска Спорт прв пат ќе истрча на терен откако во првата рунда не го одигра мечот со Св. Петар на гостински терен.

Дербито на колото се игра в недела во 13 часот.

Двојки 2.рунда: Лакочереј – Вулкан (16ч), Злести – Славеј (16ч), Рудар – Св. Петар (16ч), Велмеј – Вапила (13ч), Воска Спорт – Воска 2002 (13ч)

Табела: Воска 2002 3, Вапила 3, Рудар 3, Славеј 0, Вулкан 0, Св. Петар 0, Воска Спорт 0, Велмеј 0, Злести 0, Лакочереј 0.

OhridNews