Вулкан го совлада Рудар со 4-2 и се пласираше во финалето од разигрувањето за првак во Општинската фудбалска лига.

Рудар прв поведе во мечот и тоа преку Ристески на стартот на мечот. “Домаќините“ се созедоа и со хет трик головите на Танаскоски направија комплетен пресврт, додека четвртиот погодок беше дело на Блажески. Поразот го ублажи Котески во самиот финиш.

Во финалето в недела на “СРЦ Атина Бојаџи“ ќе се сретнат Дебрца и Вулкан.

М.П.