Екипата на Злести славеше убедливо со 5-1 на гостувањето против Св. Петар и Павле во воведното коло од пролетниот дел од мечевите во Општинската фудбалска лига. Со овој триумф Злести останува на врвот на табелата.


На останатите натпревари Сатеска со 2-1 го совлада Рудар, додека без победник 1-1 заврши мечот меѓу Лакочереј и Оровник.

Останатите натпревари се играат утре а се среќаваат :
Недела 12.30 Дебрца – Воска
Недела 15.00 Славеј – Вапила, Илинден  – Рудар.

Ohridnews