Братските екипи Воска Спорт и Воска 2002 победија и ја продолжуваат битката за првата позиција на табелата во Општинската фудбалска лига.

Воска Спорт во новата рунда од ОФЛ го преслуша составот на Куршум од Лакочереј со 5-0 додека Воска 2002 на домашен терен подобра беше од Вулкан со 4-2.

Победи во осмото коло забележаа уште Славеј кој славеше на гостувањето во Вапила и Рудар кој со 3-0 го совлада Велмеј.

Средбата Св. Петар – Злести беше одложена и не се одигра.

Резултати: 

Куршум (Лакочереј) – Воска Спорт 0-5

Рудар – Велмеј 3-0

Воска 2002 – Вулкан 4-2

Вапила – Славеј 1-3

Св. Петар – Злести одложена

Tабела: Воска Спорт 22, Воска 2002 18, Рудар 13, Лакочереј 12..

OhridNews