Во врска со одлуката на ФФМ за суспендирање на Оптинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС-Охрид), сојузот се огласи со соопштение во кое објаснува зошто и како настанала актуелната ситуација и тоа во годината кога се одбележува половина век од неговото работење.

Соопштението на ОФС Охрид го пренесуваме во целост:

ОФС – Охрид 50 годишнината од своето постоење ќе ја прослави како суспендиран сојуз, благодарение на „ОХРИДСКИТЕ АНОНИМУСИ” кои и се добро познати на ФФМ и Охридската фудбалска јавност, тие истите кои 30 години го убиваа Фудбалот во Охрид и Дебрца, сега се враќаат со еднинствена цел а тоа е уништување на фудбалот и фудбалските клубови воопшто во овај регион, тие истите кои долго време го најавуваат нивниот т.н. „ПАРАЛЕЛЕН СОЈУЗ” бидејќи во овај сојуз немале ниту еден делегат.

Благодарение на домаќинското работење на ОФС-Охрид, ФИФА, УЕФА и претходното раководство на ФФМ не случајно го одбра град Охрид и ОФС- Охрид и кој е најзаслужен за да се направи стадион за да може Македонската фудбалска репрезентација за прв пат во историјата да игра во Охрид, можеби затоа сме и раска во нечие око, ама за жал тие имаат греда во очите и се прават дека не ја гледаат, ако пак ОФС- Охрид не работеше како што треба немаше да ја има поддршката од Општина Охрид и Дебрца кои секоја година не помагаат со Финансиски средства и терени, за да можеме бесплатно да ги услужиме клубовите од Детска лига, младинските лиги во женска и машка конкуренција, Општинска лига и Трета лига. Моментално од ОФС- Охрид само судиите се во милост на ФФМ, за жал, можеби под притисок, а другите спортски работници, делегати и контролори ќе чекаат подобри времиња.

Имено, ги повикуваме Премиерот, Министерот за внатрешни работи, Министерот за спорт, Спортските работници и новинари, да дојдат секоја сабота и недела и да видат каде се игра Фудбал, а каде не и да се уверат во оваа лажна претстава дека само во ОФС- Охрид не се играт фудбал, дополнително го повикуваме и ФИФА, УЕФА и ФФМ да ги проверат сите сојузи во Македонија и да се уверат дека во повеќе од пола сојузи во Македонија нема ниту лига, ниту фудбал, а некаде и повеќе од 15 години нема ни топка топнато (да не ги набројуваме се знаат кои се), а се пишувааат и А и Б Општинска лига и сите се во Комисии и Управен Одбор на ФФМ, а ако одиме и по член 27 од Статутот на ФФМ каде сојуз за да има полноправно членство мора да има 6 клубови, 10 судии, 6 тренери ќе треба повеќе од пола да се затворат да не постојат. Да напомениме дека ОФС- Охрид е меѓу првите 5 сојузи со организирана лига и повеќе од 10 судиии активно веќе 50 години.

Да се навратиме на Собранието кое три пати го закажувавме и одложувавме без никаков одговор, причина, и одговор од ФФМ и за на крај да го одржиме со присуство на 32 делегати од вкупно 36 и без присуство на претставник од ФФМ. И по трет пат од закажувањето на Собранието немаше против кандидат за претседател на ОФС – Охрид. Исто така без причина и никакво објаснување на полусезона од Третата МФЛ – Југозапад ни беше одземено претседавањето со лигата кое е спротивно на својот Статут и Статутот на ФФМ и тоа без да го известат претседателот на лигата да се одржи седница на У.О. на Третата МФЛ -Југозапад. За овие неправилности со аргументи и докази ќе бидат известени и ФИФА И УЕФА.

А каде се и нашите екс фудбалски репрезентативци Пандев, Најдоски, Христов и др. кои јавно се изјаснија дека АКО ЕДЕН ЧЛЕН ОД СТАРИОТ УПРАВЕН ОДБОР ОСТАНЕ ЌЕ СИ ПОДНЕСАТ ОСТАВКА, ама жал останаа 90% истите членови и во новиот Управен Одбор. Мислевме дека сегашното раководство на ФФМ на чело со претседателот добро ја знаат состојбата на фудбалот во Македонија и ќе преземат нешто за развојот на фудбалот бидејќи се повеќе од 40 години во него, а не да ги слуша анонимните профитери.

ОФС – Охрид.

OhridNews