Општинскиот фудбалски сојуз Охрид (ОФС) предводен од претседателот Диме Попоски и членот на Управниот одбор во Фудбалската федерација на Македонија, Тони Иваноски во следниве две години ќе раководи со Третата македонската фудбалска лига југо-запад во која членуваат екипи од Охрид, Струга, Битола, Ресен и Дебар.


Добивањето на палката во Третата МФЛ југо-запад преставува голема чест и огромно признание, но и обврската за чинителите во ОФС Охрид. Раководните лица на Третата МФЛ ќе имаат задача да се грижат за регуларноста на лигата, делегирањето на судии и се што е поврзно околу фудбалската игра.

  • Раководењето со Третата лига за нас како ОФС Охрид најпрво преставува голема одговорност, а потоа и чест, бидејќи ќе го преземеме од Општинскиот фудбалски сојуз од Битола кој одлично ја заврши работата. ОФС Битола го подигна нивото на фудбалот во Третата лига југо-запад, а ние ќе треба да продолжиме по тој терк и да бидеме уште подобри. – изјави за Ohrid News првиот човек на ОФС, Диме Попоски.

Новата сезона во Третата лига ќе започне на средината од август месец, а ОФС Охрид во скоро време ќе почне со подготовките за престојните предизвици.

Фото: Архива
OhridNews