Оглас за работа: Се бара Џејмс Бонд
26.11.12 00:22
На сајтот на британската влада се појавил оглас во кој тајната служба МИ 6 бара лице за работа како тајниот агент Џејмс Бонд. Огласот, за кој подоцна се воспоставило дека е лажен, бил поставен во петокот на официјалниот сајт на министерството за работа и пензија. во него пишувало дека се бара специјалист за елиминирање мети, бидејќи владата од време на време имала потреба да ги отстрани лицата чие постоење претставувало ризик за ефикасно спроведување на јавниот ред и мир.
Од потенцијалните кандидати се барало да бидат снаодливи во пронаоѓањето начини да ги остварат своите мисии, и во некои случаи, да бидат спремни да напуштат странски држави на неконвенционален начин. на избраниот кандидат наводно тербало да му биде обезбедена посебна опрема како што се специјални часовници, мини подморници и пиштол каков што користел тајниот агент Џејмс Бонд. Понудена била плата од 50-60 илјади фунти, но и бонуси кои би следувале по успешно завршените мисии. Портпаролката на МИ 6 изјавила дека владата не сака да регрутира убиец, дека огласот е лажен и дека не е познато кој го поставил.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com











