Бранителот на трофејот на Европското првенство и актуелниот Светски и Олимписки првак, Франција е првиот противник на Македонија на континенталниот собир во Полска.
Непобедливата селекција на големите собири во од ја смена генерацијата, но лидерите на старата и сегашнава репрезентација Никола Карабатиќ и Тиери Омејер пак се ударна игла на „триколорите“.
Кирил Лазаров и дружината два пати се сретнаа со французите во групите и два пати претрпеа пораз, а спортски е да се надеваме на трета среќа.
„Црвено жолтите“ мечот ќе го одиграат во 18 часот, а потоа следува вториот дуел меѓу домаќинот Полска и нашиот северен сосед Србија.
Најчитаниот интернет портал во регионов Ohrid News во соработка со кафе барот Шила ќе организира заедничко гледање на натпревари на Македонија на Европското првенство. За најверните и најкреативните навивачи од кафе барот најавуваат награди и изненадувања.
OhridNews