Градскиот ривал Милан е првиот противник на повратникот во Серија А, Роберто Манчини, кој го презеде кормилото на Интер.
Судбината сакаше првиот меч некогашниот тренер на Манчестер Сити и Галатасарај да го има против лутиот ривал Милан.
По преземањето на екипата Манчини веднаш се фати за работа и неговата револуција, која му е неопходна на Интер ќе започне од дуелот со Милан.
Главната улога во тимот ќе му ја додели на хрватскиот репрезентативец Матео Ковачиќ додека одбраната ќе претрпи доста измени.
Со каков состав ќе настапи Манчини на официјалната промоција на Џузепе Меаца останува да видиме в недела во 20:45 часот.
Мх.П.