На 38-та седница на Советот на општина Дебрца, не е донесена Одлука за долгорочно домашно задолжување на општина Дебрца во рамки на Проектот за подобрување на општинските услуги, тврди Даниел Огненоски претседател на совет на општина Дебрца.

Во писмената реакција на соопштението на опозициската СДСМ, Огненоски посочува дека по расправата по точката, советниците од СДСМ ја напуштиле седницата по таа точка, но тој утврдил по пребројувањето на присутните дека нема мнозинство на советници, по што ја прекинал 38-ма та седница и итата ќе биде презакажана за друг датум.

-Жалам што без никакви аргументи советничката група на СДСМ изнесе невистини за водењето на седницата од страна на мене како Претседател на советот во Општина Дебрца, независен од ниту една партија, бидејќи седниците на совет ги водам во согласност со законот, статутот и деловникот за работа. – стои во писмената реакција на Даниел Огненоски-Претседател на совет на општина Дебрца.

OhridNews 

СДСМ: Донесена е одлука за задолжување на општина Дебрца без потребното мнозинство