
Тој предлага од дневен ред да се
повлечат точките кои не се поврзани со запазување на законски рок и да
се расправа само по предложените извештаи, а до завршување на изборите
да не се свикуваат седници. На тој начин, смета Огненов, ќе се избегнат „жешките“ прашања што ќе придонесе за фер и
демократска атмосфера во очи локалните избори.
Огненов за денеска најави прес конференција на која ќе го соопшти својот став по однос на одржувањето на една од последните седници во овој состав на Советот.












