Непознат сторител(и) денеска извршил грабеж на експозитурата на Македонски пошти која се наоѓа во непосредна близина на „Мини маркетот“ во Охрид. Засега не се соопштуваат детали за грабежот, како е извршен и дали и колку пари и други вредности се украдени.


На местото на настанот во тек е увид за утврдување на штетата, а просторот е обезбеден од полицијата која не дозволува приближување.

Истата оваа експозитура на Македонски пошти беше цел на крадци во јануари 2010 година. Се очекува полицијата да соопшти повеќе детали за грабежот.

Ohrid News