Непознати сторители вчера ја ограбиле црквата „Св.Никола“ во струшкото село Селци.
Според полицијата кражбата се случила во периодот од 11 до 12 јуни, при што биле одземени 13 икони, две златни и едно сребрено синџирче. Сторителот со употреба на сила и подобен предмет ја отворил задната врата од црквата, влегол внатре, ги одзел наведените предмети и заминал во непознат правец.
Извор:МВР











