Вчера попладне, околу 13.20 часот во златара на улица „7- ми ноември“ се случила кражба на златен накит- ланци во вредност од 100.000 денари.
Како што информираат од СВР Охрид, кражбата ја извршиле три засега непознати лица, од кои две женски и едно машко, кои искористиле згодна прилика да ги украдат ланците,и покрај тоа што продавачката била во продавницата.
– СВР Охрид има одредени информации кои упатуваат на поблиска идентификација на можните сторители на кражбата, изјави портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
СВР Охрид презема мерки за расветлување на настанот и пронаоѓање на крадците.
OhridNews