Две непознати лица вечерва околу 20 часот упаднале во златарата „Голд“ во старата охридска чаршија, и под закана со оружје одзеле засега неутврдена количина златни предмети, информираат од СВР Охрид.

Разбојниците кои имале капи на себе, по грабежот побегнале и по нив се трага.

На местото на настанот извршен е увид, а полицијата работи на расветлување на случајот.

OhridNews