Викендов во полициската станица „Аеродром“, од страна на граѓанин било пријавено дека во петокот во периодот од 17 до 7 часот, во црквата Св.Ѓорѓија, непознат сторител извршил тешка кражба на тој начин што насилно ја отворил влезната врата од црквата, влегол внатре и од шкафче, кое се користи како каса за собирање на доброволни прилози, одзел околу 20 илјади денари.

Во полициската станица „Гази Баба“, пак, било пријавено дека во периодот од 22-ри до 26-ти месецов, во црквата „Успение на Пресвета Богородица“ лоцирана на м.в.„Чукар“ во атарот на село Горно Коњари, од страна на непознат сторител извршена е тешка кражба на тој начин што насилно делувал на влезната врата, влегол внатре, извршил пребарување и одзел 7 илјади денари, а потоа го напуштил лице местото.

ОД МВР соопштуваат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите на двата чина.

OhridNews