Вчера, во раните утрински часови, бил извршен грабеж во две цркви во Струшко.Според информациите од СВР- Охрид, станува збор за црквата Св. Спас во село Локов од каде се украдени 2. 000 денари и црквата Св. Богородица Пречиста во село Буринец од каде е украдена една икона.
И во двете цркви грабежот е извршен на идентичен начин- со разбивање на катинарот од влезната врата.











