Околу 180.000,оо денари, 100 евра, еден златен наполеон и пет златни прстени, одзел засега непознат сторител од канцеларија на охридското мувтиство на ИВЗ лоцирана на улицата „Гоце Делчев“ во Охрид.

Кражбата е случена во текот на изминатото деноноќие а пријавена е во СВР Охрид утрово во 8 часот и 45 минути. Сторителот на овој вандалски чин, со употреба на физичка сила и удар насилно го отворил прозорецот од задната страна на објектот и успеал да влезе во внатрешноста на канцеларијата. 
Откако извршил пребарување, тој забележал метална каса која со подесен алат ја отворил по што ги одзел парите и златните предмети, информираат од полицијата.

На лице место, полициски екипи од СВР Охрид извршија криминалистичко-технички увид по што се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот. 

OhridNews